Бремените Ромки од Куманово недоволно ги користат програмте за мајки и деца и партиципација


Бремените Ромки од Куманово недоволно ги користат програмте за мајки и деца и партиципација - МИА

Куманово, 2 јуни 2020 () – Над 74 проценти од бремените жени Ромки во Куманово плаќале контролен преглед кај матичните гинеколози, над 55 проценти платиле за анализа на крв, покажува истражувањето на Националниот Ромски Центар кое беше презентирано на денешната прес – конференција.


 

Истражувањето  покажува каков е пристапот и искористеноста на здравствените услуги е спроведено во рамки на проектот „Моето здравје е мое право“  и ја прикажува  недоволната  искористеност на услугите предвидени во програмата за мајки и деца и програмата за партиципација.

– Од двете програми од вкупно 11 услуги само две услуги се целосно искористени од жените за време на бременост. Во истражувањето беа вклучени 58 жени на возраст од 16-37 години, кои се породиле во 2018 година или 57,4 отсто од вкупниот број на породени Ромки во 2018 во Куманово. Над пет проценти немале документи, 36 проценти не направиле потребни анализи, изјави координаторот на проектот, Себихана Скендеровска.

Поради ваквите бројки од НРЦ препорачуваат превентивните програми да бидат мерливи, појасни, да се реорганизира поставеноста на здравствената заштита, во креирањето да се вклучат граѓански здруженија, да се креира пакет услуги од сексуално и репродуктивно здравје. Важно е и да се ревидираат целите и програмите, смета Скендеровска и да се обезбеди и законска обврска да се осигураат бесплатните прегледи.