„Биди одговорен, однесувај се совесно“ – кампања за заштита на водоснабдителниот систем во Скопје



Скопје, 11 август 2020 () – Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје почна кампања со цел подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“.

Рационалната употреба на водата, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, го заштитува не само водоснабдителниот систем, туку и правото на секој граѓанин за нормално водоснабдување.

– Дневните навики на граѓаните придонесуваат во заштитата на водоснабдителниот систем и квалитетот на водоснабдувањето до секој дом. Преку три чекори зголемете ја разумната и совесна употреба на водата и одговорноста во вашето однесување во однос на заштита на водоснабдителниот систем: при туширање, миење заби и раце или миење садови, осигурајте се дека водата не тече додека не ја употребувате; осигурајте се дека машината за садови и за алишта, пред употреба се целосно наполнети и редовно проверувајте ја исправноста на состојбата на чешмите, казанчињата и видливите цефки во домот, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Наша должност, посочуваат, е да одлучиме да бидеме одговорни и да се однесуваме совесно во насока на рационална и разумна употреба на водата, за да има за сите, денес, утре и во иднина.

Злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем граѓаните ќе може да пријавуваат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

– 02 3240 300, Дирекција – kontakt@vodovod-skopje.com.mk

www.vodovod-skopje.com.mkwww.facebook.com/jpvodovod.skopje.

 


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*