„Биди одговорен, однесувај се совесно“ – кампања на скопски водовод за заштита на канализацискиот систем


„Биди одговорен, однесувај се совесно“ – кампања на скопски водовод за заштита на канализацискиот систем - МИА

Скопје, 13 август 2020 () – Граѓаните да се однесуваат одговорно и да не фрлаат отпад или градежен шут во канализацискиот систем зашто така го затнуваат и ја нарушуваат неговата функционалност, па наместо да се одведуваат, урбаните отпадни води се слеваат по улиците, апелира Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ – Скопје.


 

– Дневните навики на граѓаните придонесуваат во заштитата на канализацискиот систем. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје често се сведоци на затната канализациска мрежа во и надвор од домаќинствата, а како причина за тоа е неправилно одложен отпад од домаќинствата. Одводот не е место за остатоци од храна, бигор, влажни марамици, пелени и одложување на други хигиенски производи, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје

Оттаму велат дека одржувањето на системот за одведување на урбани отпадни води и третманот на отпадните води е од исклучително значење за заедницата, за санитарната и здравствена заштита, како и за заштита на животната средина од загадување.

– При неодговорно и несовесно одлагање на отпад во системот за одведување на урбани отпадни води, се нарушува неговата функционалност и најчесто доаѓа до излевање на отпадните води, кои доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина, посочуваат од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем, граѓаните можат да пријавуваат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

– 02 3240 300, Дирекција – kontakt@vodovod-skopje.com.mk

www.vodovod-skopje.com.mkwww.facebook.com/jpvodovod.skopje.