Библиотеката „Искра“ од Кочани со програмски активности го поттикнува читањето кај децата и младите



Библиотеката „Искра“ од Кочани со програмски активности го поттикнува читањето кај децата и младите - МИА

Кочани, 4 август 2020 () – Библиотеката „Искра“ од Кочани почнува со реализација на интерактивни програмски активности за своите читатели, со цел во време на пандемија да ги поттикне децата и младите на читање, размислување и анализа на прочитаното.

Учесниците во оваа програма ќе имаат можност да бидат дел од едукативна работилница на тема „Информациска писменост“.

– Ги повикуваме нашите читатели, децата и младите да ја посетат библиотеката, која работи според насоките и мерките за заштита, а во овој временски период го збогати својот библиотечен фонд. Набавени се најнови литературни изданија за деца и млади од различен жанр, а отворен е јавен повик за учество на младите читатели во програмската содржина „Најубава мисла и порака од мојата омилена книга“, на која може да учествуваат со доставување на омилениот дел од содржината – порака и мисла од својата омилена книга, истакна Магдалена Кочовска-Салтирова, координаторка на проектот.

Таа додаде дека најмладите читатели од претшколска возраст, кои читаат заедно со своите родители, можат да учествуваат во програмата „Мојата прва книга“, илустрирајќи цртеж и изработувајќи насловна корица од својата омилена книга и сликовница.

Содржините со кои децата и младите ќе учествуваат на повикот можат да ги испратат преку порака на електронска пошта или на профилите на библиотеката на социјалните мрежи, најдоцна до 25 август.


Од среда почнува предвремена исплата на мајската пензија - МИА
Бизнис и економија

Втора шанса за одложување на плаќање на кредитите бараат 20 до 30 отсто од тие кои веќе ги одложиле обврските

– Дваесет до 30 проценти од граѓаните што ја искористија можноста за одложување на плаќање на ратите на кредитите во првиот период, кој почна од април и трае до крајот на овој месец, побарале да […]

Вести

Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

– Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од Скопје на возраст од 79 години. Регистрирани се 94 оздравени […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*