Поради дефект во шахта ф-5/4 на улицата „Христо Татарчев 25“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците:„Тодор Паница, „Петар Делјан“, дел од улицата „Борис Трајковски“ и „Пушкинова“ (односно корисниците на потегот од општина Кисела Вода до Мечкаров).
Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:40 часот до завршување со санација на дефектот.