Без масовни настани и собири за одбележувањето на Петровден – празникот на Кочани


Без масовни настани и собири за одбележувањето на Петровден – празникот на Кочани - МИА

Кочани, 1 јули 2020 () – Одбележувањето на Петровден, празникот на Кочани, годинава ќе биде без поголеми организирани масовни настани и собири поради епидемијата од коронавирусот.

Таква одлука беше донесена на денешната работна средба на градоначалникот Николчо Илијев со координаторите на советничките групи во Советот на Општина Кочани.

–Здравјето на граѓаните е пред сè. Затоа, со оглед на целокупната состојба со здравствената криза, ризик е да се организираат собири и празнувања што ќе придонесат за масовно групирање на граѓаните.Сметам дека не е препорачливо и безбедно, па оттука сакам да размениме мислења за предлогот, оваа година Петровден да го одбележиме скромно и достоинствено, а содржините кои традиционално се дел од програмата „Петровденски конаци“ да ги надоместиме во побезбедни и посигурни услови, истакна градоначалникот Илијев.

Советниците беа единствени во поддршката на ставот на градоначалникот, а координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Лазо Митев образложи дека здравствената криза не е надмината, а токму непочитувањето на мерките за заштита од ширење на коронавирусот придонесуваат за нејзино продлабочување.

– Важно е ние да постапиме исправно и законски и етички, наше е да препорачаме и да  побараме совесно однесување од граѓаните. Не ми се допаѓа тоа што секојдневно го гледам, граѓаните се шетаат без заштитна опрема, не почитуваат растојание, се групираат. Ние не треба да иницираме настани коишто уште повеќе ќе го нарушат јавното здравје, истакна Митев.

Коментирајќи ја потребата од друг вид културни дејности, советникот Венко Крстевски истакна дека во овој период акцент треба да се даде на творците и содржините кои  работат индивидуално и на формите што не бараат масовност.

Илијев најави дека во наредниот период е обезбедена реализација на ликовни проекти, а предложи Советот дополнително да решава за измени на Програмата за култура и осмислување нови содржини во услови на КОВИД-19.

 


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Имунолошкиот пасош за патување засега само размислување, има многу отворени прашања - МИА
Вести

Влезот на македонски државјани во Грција забранет на сите гранични премини

Атина, 1 јули 2020 () – Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во […]

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица за предвреме почната изборна кампања - МИА
Вести

Право на глас на парламентарните избори на 15 јули ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи

Скопје, 1 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*