АПРЗ со препорака до лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница

grozje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола, по извршен инспекциски надзор за утврдување на здравствената состојба на лозовите насади, во сите вински региони во државава, препорача, лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница.

Од АПРЗ информираат дека кај виновата лоза има појава на болестите пламеница и пепелница.


-Во различни региони, присутноста на болести во лозовите насади е со различен интензитет. Станува збор за економски штетници кои се честа појава особено во услови на зголемена влага, а во мометов климатските услови се многу погодни за ширење на болеста. Пламеницата на лозата е болест која редовно, секоја година се јавува и причинува помали или поголеми штети. Таа ги напаѓа сите зелени делови на лозата, листовите, ластарите, цутовите, гроздот и гроздинките. Лозата е најосетлива во фазата на интензивен раст и на крајот при зреењето на грозјето. Условите за развој на пламеницата се предизвикани од врнежливиот период, што доведува до губење на квалитет и на принос во лозовите насади, појаснуваат од АПРЗ.

Вработените на АПРЗ подготвија насоки за земјоделците со препорака со кој препарати треба да се третираат лозовите насади за да се спречи ширење на болеста и да се минимизираат загубите.

-Различни сорти се во различен вегетативен период, некој почнуваат да цветаат а другу веќе прецветуваат. Поради тоа, препораката од АПРЗ опфаќа решенија за заштита за двете фази, а лозарите самите треба да одберат со кој препарат ќе ги третираат лозјата соодветно на вегетативната фаза на сортата која ја одгледуваат.

За насадите каде лозата се наоѓа во фаза на пред цветање или цветање на грозјето, што зависи од регионот на одгледување и сортата на грозјето се препорачува лозарите да ја извршат заштитата со следните заштитни средства против пламеница, како и заштитни средства против пепелница. Лозовите насади кај кои болестите се присутни во поголема мерка, заштитата да ја повторат за 10 дена од претходното третирање, соопштија од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола, чии советници како што нагласуваат се на располагање да понудат стручни совети за заштита на производната сезона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK