Апел за рационално користење на водата за пиење во Дебар



Апел за рационално користење на водата за пиење во Дебар - МИА

Дебар, 4 август 2020 () – Дебарското јавното комунално претпријатија „Стандард“ упати апел до кориснците за рационално користење на водата за пиење.

Тоа, поради зголемената побарувачка заради високите температури, но најмногу поради злоупотребата.

-Апелираме до корсниците да бидат повнимателни и да покажат хуманост и рационалност во насока на користење на водата за пиење.Тоа посебно со цел во овој период на пандемија вода да има секој. Напоменуваме дека не се дозволува полевање на земјоделски и други површни со вода за пење, миење тротоари и моторни возила, полнење бунари, базени за рекреативни цели и други дејствија, поврзани со трошење на водата за пиење за други намени, вели Мазлум Леши дректор на Јавното комунално претпрјатие„Стандард“.

Додава дека граѓаните кои нема да се придржуваат на ова ќе бидат исклучени од водоводната мрежа, согласно со член 33 од Законот за водоснабдување. Тоа со цел да се овозможи нормално снабдување со вода за пење на оние корисници кои редовно ги подмируваат сметките за потрошена вода и се рационали корисници на водата.

Пред повеќе од еден месец  во Дебар воведена е осум часовна рестрикција и тоа од 13:00 до 17:00 часот и  од 2:00 до 6:00 часот наутро, која, посочува директорот Леши, може да биде подолга, доколку граѓаните не  станат посовесни.

 

 

 

 


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*