Амбасадорот на Италија Андреа Силвестри во посета на Штип



– Во посета на Општина Штип денеска беше амбасадорот на Италија во Република Македонија, Андреа Силвестри, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.


 

Во соопштението се наведува дека Николов и Силвестри заклучиле  оти Штип како центар на истокот заслужува да се развива со брзо темпо и  ги содржи сите потребни компоненти да стане град во кој младите тука ќе ја градат својата иднина.

-Амбасадорот Силвестри го запознав со сите досегашни реализирани проекти, разговаравме и за економскиот развој помеѓу штипските компании и италијански компании и изучување на италјанскиот јазик во Штип со отварање на италјанско катче, вели Николов.

Посочува дека како градоначалник и во име на Општина Штип му се заблагодарил за традиционалното пријателство на Република Италија, како и за искрената поддршка којашто Штип ја има од оваа убава земја.