Активен пожар во околината на Прилеп



Зачестија пожарите на отворено во Струмичко - МИА

Прилеп, 8 јули 2020 () – Повеќе од седум часа е активен пожарот кој што зафати сува трева и насади во околината на Прилеп. Спасени се лозовите и боровите насади како и викендичките во околината, велат од прилепската Противпожарна единица, но пожарот останува активен.

На теренот се три екипи со вкупно 11 пожарникари за да ја совладаат стихијата.

Како што информираат од прилепската Противпожарна единица, пожарот е забележан околу 12,30 часот, прво на ѓубриште и на сува трева околу месноста Дабница. Пожарот имал два крака, но екипите на противпожарната единица успеале да ги спасат викендичките во околината, лозовите и боровите насади како и месноста Заград.

Во гасењето се вклучиле и околните жители. Пожарот е сѐ уште активен и екипите се сѐ уште на теренот.

Фото: архива


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*