Општина Кавадарци: ЗА ШТО СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ ОД ДАНОКОТ НА ИМОТ ?



НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА


 

Почитувани граѓани Локалната самоуправа има обврски како што се изградба, одржување и унапредување на инфраструктурата. Сето тоа бара многу средства, а парите што државата ги издвојува за таа намена не се доволни да ги покријат потребите. Законот за даноците на имот, на општините им овозможува сопствени приходи преку наплата на Данок на имот на физички и правни лица, како и на Комунална такса за Истакната фирма од правните лица, познат како фирмарина.

Овие пари за општината значат многу, а истите ги наменува за потребите на граѓаните.

 

ЗА ШТО СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ ОД ДАНОКОТ НА ИМОТ ?

Парите од данокот на имот се користат за одржување на улиците, за подобро осветлување, за почиста околина односно ИНФРАСТРУКТУРА.

Со парите од данокот на имот, општината ги реновира училиштата, ќе набави нова опрема во кабинетите, ќе ја подобри хигиената- за подобри услови во училиштата на нашите деца. Тоа се пари од Данокот на Имот во ОБРАЗОВАНИЕТО.

Парите од данокот на имот исто така се користат и за грижа за пензионерите, хендикепираните лица, како и лицата на кои им е потребна помош преку

 

СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА

Општината со вашите пари организира културни настани, ги подобрува  библиотеките.

Гради игралишта за деца. Сето тоа може да се финансира со парите од данок на имот во развојот на КУЛТУРАТА и СПОРТОТ.

 

ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ може да се организира  и со помош на парите од  Фирмите во општината кои плаќаат данок на имот, како и комунална такса за истакната фирма, за возврат од општината добиваат подобра инфраструктура и уредување на индустриски зони.

 

Почитувани граѓани токму заради сето ова треба да плаќаме Данок на Имот и Фирмарина. Тоа се НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА. Плаќањето данок на имот е  должност на секој граѓанин но во исто време и придонес на поединецот во иднината на неговата општина.

Платете го вашиот данок навреме, нашата општина Кавадарци ќе ви биде благодарна. Ќе добиете  поубави улици, подобро осветлување, место за изградба на фабрики и нови работни места, поубави и посовремени училишта, гостување на познати уметници, музичари, рок групи, а пензионерите поубави простори за рекреација.

 

ПЛАТЕТЕ ГО ДАНОКОТ-ОПШТИНАТА ЌЕ ВИ БИДЕ БЛАГОДАРНА А ВИЕ ЌЕ СЕ ЧУСТВУВАТЕ ГОРДИ И СРЕЌНИ ЗАТОА ШТО ТОА СЕ ВАШИТЕ ПАРИ