Опожареното возило не е во сопственост на Владата


Опожареното возило не е во сопственост на Владата - МИА

Скопје, 2 јули 2020 () – Владата на Република Северна Македонија демантира дека нивно возило утрово е опожарено на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“.

Претходно, МВР соопшти дека на улица „Димитар Влахов“ утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија.

-Според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено не е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија, велат од Канцеларија на владиниот портпарол.


Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Течат разговорите за формирање нова влада, засега ништо официјално

Скопје, 6 август 2020 () – Разговорите за формирање нова влада меѓу партиите течат, но засега се уште никој официјално не се изјасни дали постигнал договор. И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на […]

Во Србија седум лица починаа, а регистрирани се 296 новозаболени од Ковид-19 - МИА
Вести

Во земјава 3557 активни случаи со Ковид-19, во светот на секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот

Скопје, 6 август 2020 () – Во моментов во земјава се активни 3557 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7221 лица, а […]

Вести

Осумдесет и осум нови случаи на заболени од Ковид-19, шестмина починати и 113 оздравени

Скопје, 5 август 2020 () – Осумдесет и осум случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа, шест лица починаа, а 113 се оздравени. Направени се 1507 тестирања, а од новорегистрираните случаи 23 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*