Оn-line работилница на RIS-ALICE проектот поддржан од ЕУ – Преку циркуларна економија до поголема декарбонизација во индустријата


– Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје, во партнерство со Националниот институтот за градежништво на Словенија (ZAG) и Заводот за геолошки истражувања на Словенија (GEoZS) денес организира интернационална on-line работилница на тема „Регистер за секундарни минерални суровини за производство на клинкер/цементи со ниска емисија на CO2“. Работилницата е во рамки на RIS-ALICE проектот: Al – богати индустриски остатоци за добивање на минерални врзива во регионот на Источна и Југоисточна Европа, поддржан од Европскиот Институт за Технологии и Иновации (Суровини) – EIT Raw Materials, чија цел е пронаоѓање и мапирање на алтернативни суровини, кои од една страна го заменуваат користењето на природните суровини во производството, а од друга страна го намалуваат штетното влијание на депонираните индустриските минерални остатоци. Конечната цел е намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата, заштеда на енергија  и добивање на нови клинкери/врзивни материјали.


 

На Работилницата ќе биде презентиран Регистарот на секундарни минерални суровини за производство на клинкери/цементи со ниска емисија на СО2 во воздухот што ќе претставува значаен придонес кон решавањето на предизвиците од климатските промени. Воведното излагање го има проф. Емилија Фиданчевски од Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методи во Скопје, а учествуваат и експерти, претставници на европски институции и на индустријата од Швајцарија, Белгија, Франција, Израел, Грција и Словенија.

Одржувањето на овој значаен експертски настан е со поддршка на Цементарница УСЈЕ, која е партнер во RIS-ALICE проектот и еден од промоторите на цементи со ниска емисија на СО2. Работилницата предизвика голем интерес кај научни институции и индустријата од 18 земји во Европа.