ОМД ја осудува одлуката на ЕУ за одложување на датумот за преговори; бара измени во изборниот законик


Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја осудува одлуката на европските лидери повторно да ја блокираат кандидатурата на Македонија за полноправно членство во унијата. Оваа одлука е голем удар врз надежите на Македонија за интеграција во ЕУ. Наместо да го исполнат своето ветување за доделување на датум за преговори, европските лидери одлучија повторно да ни го завртат грбот. Со ова, европската заедница ја става иднината на македонската држава под знак прашалник.

И по 14 години кандидатски статус, Македонија нема доживеано никаков напредок кон полноправно членство во унијата. Дури ни продавањето на националните вредности и националниот идентитет не беше доволно. Пожртвуваноста на македонскиот народ и овој пат не беше доволна за ЕУ конечно да го придвижи пристапниот процес. Оставени во неизвесност, македонците ширум светот се понижени и истоштени од радикалните националистички барања на соседните држави за промена на македонскиот идентитет и историја.

Како резултат на одлуката на европските лидери, Македонија мора да се соочи со низа неизвесности. Македонците ширум светот со право се прашуваат дали Македонија има пријатели во ЕУ врз кои можеме да се потпреме. Но една работа е сигурна: во месеците што претстојат, Македонија мора да го обнови своето национално ткиво, и мора да ги реши сите институционални проблеми.

Во периодот пред нас, Македонија мора да се посвети на домашните приоритети, како што се борбата против корупција, владеењето на правната држава, гарантирањето на политички права и слободи, и реафирмација на посветеноста кон промоција на демократското владеење.

Предвремените парламентарни избори во Април 2020 се шанса за Македонците, во еден слободен и демократкски процес, да гласаат за својата иднина. Со оглед на тоа што решеноста за пристапување во Европската заедница останува силна, Македонците заслужуваат лидерство кое го почитува и го заштитува македонскиот национален интерес, истовремено подобрувајќи го демократското владеење во нашата земја.

Повеќе од обични избори, ОМД се надева дека претстојните парламентарни избори ќе служат како поттик за промени во изборниот законик. ОМД ја поддржува иницијативата за спроведување на модел со една изборна единица и отворен изборен список, што ќе овозможи демократизација на системот на репрезентативност. Спроведувањето на таквиот систем ќе ѓи примора парламентарците да му служат на народот, да бидат поблиску до граѓаните, и да го бараат својот легитимитет не од партиските редови, туку од гласачкото тело. Во исто време, ОМД се надева дека властите ќе го прочистат избирачкиот список, и навремено ќе ѓи имплементираат сите неопходни мерки за спроведување на слободни и фер демократски избори.


Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните - МИА
Вести

Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 7 јули 2020 () – Остануваат уште шест дена политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули да ги претстават своите изборни програми пред граѓаните. Кампањата завршува на […]

Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица - МИА
Вести

Зголемен бројот на заразени и во соседството, можни се нови мерки на границите

Скопје, 7 јули 2020 () – Вкупно 78 случаи на Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден. Иако бројката е значително помала во однос на претходните недели, сепак надлежните предупредуваат дека есенските денови се […]

Вести

ДСКС ќе одлучува за неколку приговори доставени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Скопје, 7 јули 2020 () – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 32. седница на која ќе разгледа неколку приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата, како што е најавено, ќе разгледа […]