Одржана тркалезна маса во рамки на проектот „Потребите на наставниците за доживотно учење во контекст на образованието од 21 век“


Скопје, 29 јуни 2020 () – Здружението „Отворете ги прозорците“ денеска одржа тркалезна маса на тема „Стручно усовршување во земјите учеснички во проектот – сличности и разлики“, во рамки на проектот „Потребите на наставниците за доживотно учење во контекст на образованието од 21 век“.

Координатор на проектот е тренинг-центарот „Коцевски“ од Нови Сад во соработка со партнерските организации: здружението „Звоно“ од Загреб, „Отворете ги прозорците“ од Скопје и Друштвото на учители од Нови Сад, а во рамки на програмата Еразмус+.

– Целта на оваа тркалезна маса беше да се дискутира за моменталната состојба со стручното усовршување на просветните работници во земјите учеснички на проектот и да се нагласи значајноста од нивно активно учество во планирањето на политиката за стручно усовршување во своите земји, информираат од здружението „Отворете ги прозорците“.

На тркалезната маса, која поради пандемијата се одржа онлајн, учествуваа претставник од Бирото за развој на образованието, наставници од претшколска, одделенска и предметна настава, професори од средни училишта, педагози и специјални едукатори.

– Тие имаа мошне плодна дискусија и со своето долгогодишно искуство дадоа значаен придонес за понатамошниот тек на овој проект. Ние, како спроведувачи на оваа тркалезна маса, максимално остануваме посветени на подобрување на квалитетот на образованието и образовниот систем во нашата држава, секогаш во соработка со сите релевантни институции и индивидуални чинители, велат од „Отворете ги прозорците“. ир/

 


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*