Од утре заедничко гранично управување со Србија


Помалку контроли и царинење и забрзување на протокот на патници , стока и превозни средства ќе овозможи заедничкото гранично управување што треба да стартува утре на преминот Табановце – Прешево. Со концептот, што првпат го воведуваме со Србија, со едно застанување на заедничка испостава се очекува двојно да се намали времето на чекање за граѓаните и превозниците.

Почетокот на проектот за интегрирано гранично управување „One stop shop” ќе го означат премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ, која со таа активност ја почнува официјалната посета на државава.

– Заедничката економска агенда на Западен Балкан што ја потврдивме на Самитот во Трст, ја носиме Европа овде на Балканот, истакна  Заев по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во септември лани, кога го најавија стартот на проектот.

Концептот на заеднички гранични контроли и гранични контроли со едно застанување (One-stop shop) значи поедноставени постапки, што се спроведуваат на еден заеднички граничен премин, при минимален број застанувања, по можност единствено застанување, преку кој контролата на патниците, стоката и нивните превозни средства се врши само еднаш на едно место. Со примена на концептот на заедничка контрола се постигнува поголема усогласеност и се олеснува преминувањето на патниците, стоките и превозните средства во патничкиот сообраќај, како и предметите што патниците ги носат со себе.

За патниците и транспортерите кои од Србија ќе се движат кон државава српската гранична служба ќе спроведе излезна контрола на наша територија на ГП Табановце, додека контролата за оние кои патуваат од кај нас кон Србија излезната контрола македонските гранични служби ќе ја спроведат на српска територија, на граничниот премин Прешево.

Според надлежните, во примената на овој концепт од исклучително значење е користењето на еден заеднички објект на граничниот премин каде што се вршат граничните формалности.  Покрај забрзан проток на патници, стока и превозни средства, заедничкото царинење, меѓу останатото, треба да овозможи повисок степен на хармонизација на граничните контроли, како и да се намали можноста за царински измами, поради директниот увид во комерцијалните документи што ја следат стоката.

Заедничкото царинење е и едно од барањата на транспортерите, кои сметаат дека со ова ќе се олесни процесот на транспортот и превозот на стоки.

Заедничка контрола, покрај на граничниот премин Табановце, се подготвува и на железничкиот премин Табановце и на Ќафасан кон Албанија. На ГП „Ќафасан“ веќе се одвиваат градежни работи за надградба на објектите.


Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките и отворање на економијата - МИА
Вести

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19 во изминатите 24 часа

Скопје, 6 јуни 2020 () – Нови 125 случаи на новозаболени од КОВИД -19 регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се во Скопје -46 по што следуваат Куманово со 19, […]

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово - МИА
Вести

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово

Скопје, 6 јуни 2020 () – За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино […]

Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи на Ковид-19 - МИА
Вести

Активни 1.009 случаи на заболени од Ковид-19, 90 отсто од новозаболените се од 15 фамилии

Скопје, 6 јуни 2020 () – Во земјава вчера беа потврдени 180 нови случаи на позитивни од Ковид-19, што е најголем број од почетокот на епидемијата досега, но министерот за здравство Венко Филипче информираше дека […]