Обуки за интегритет и заштита од корупција во бизнис секторот


Обуки за интегритет и заштита од корупција во бизнис секторот - МИА

Скопје, 15 септември 2020 () – Серија специјализирани интернет обуки за интегритет и заштита од корупција, наменети за сите компании кои сакаат да воспостават програми и практики за превенција и спречување на корупција, етичко управување и усогласеност со регулативата организира Центарот за граѓански комуникации Конект и Здружението на даночни советници.

Учесници од компании, како што информираат организаторите, ќе имаат пристап до светски ресурси за најдобра пракса и услуги за поддршка, специјално дизајнирани за да им помогнат да ги идентификуваат и отстранат потенцијално корумптивните практики од нивното работење.

Обуките ги спроведуваат реномирани обучувачи од компании од Северна Македонија и ќе се одржуваат во две онлајн сесии – четврток и петок од 10:00 до 13:00.

Сите заинтересирани може да се пријават на www.bezkorupcija.mk.

Обуката се одвива во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Конект и Здружението на даночни советници.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*