Облачно со пониски температури и наместа нестабилно


Облачно со пониски температури и наместа нестабилно - МИА

Скопје, 1 август 2020 () – Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Ќе има и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Од утре до вторник времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните. Повторно дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.


Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Германија: Наскоро задолжително тестирање за повратниците од ризичните подрачја - МИА
Вести

Намален бројот на новозаразени со Ковид-19, активни 3 428 случаи

Скопје, 8 август 2020 () – Последните пет дена бројот на заразени од Ковид-19 во државата не надмина 10 проценти од направените тестови. Во некои денови од неделата стапката на новозаразени се намали и до […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*