Објавена електронска верзија на охридскиот „Рибарски алманах“


– Во чест на Богојавленските празници, Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот „Лихнидос“ изготвија дигитална верзија на интересен архивски материјал под насловот „Рибарски алманах“.



Станува збор за регистар на лиценцирани рибари во Охридското Езеро за периодот 1934 – 1941 година, единствен од таков вид во земјата.

Преку оваа дигитална верзија документот со ретки колекции имиња и фотографии станува достапна за пошироката јавност.

Во Алманахот се поместени имиња на 150 рибари, од регистрираните 480 во односниот период. Во публикацијата многумина охриѓани ќе можат да ги пронајдат своите претци, па дури и да си ги најдат корените на сопствените имиња, што е своевидна традиција во Охрид, Струга и рибарските населени места долж крајбрежјето на езерото.

Видео материјалот во врска со Алманахот ќе биде проектиран на големиот билборд на Градскиот плоштад во Охрид на 19 и 20 јануари, за Богојавленските празници.