О2: Државниот завод за статистика дава едни бројки за увоз на отпад, МЖСПП дава други


🔢 Државниот завод за статистика дава едни бројки за увоз на отпад, МЖСПП дава други, едни во извештатите, други во деталните табели.
Во извештајот на МЖСПП за 2018 година стои дека биле увезени ➡️ 21.167 тони неопасен отпад.
Според доставените табели на МЖСПП, увезени биле ➡️ 1.320.220 (1.3 милиони) тони неопасен отпад, без опасниот отпад и отпадот увезен од Усје. Нив ги нема.



🔶 Според МЖСПП, компании кои користат отпад како извор на енергија се:
– Цементарница Усје ТИТАН Скопје (РДФ отпад, текстил и оризова лушпа)
– Еуроникел Индустри (Фени Индустри) (отпадни исецкани гуми)
– Дрисла (согорува медицински отпад)

Не ни е јасно како Дрисла е наведена како компанија која согорува отпад како извор на енергија, кога Дрисла САМО го согорува отпадот за да го отстрани, главно медицински, но според документите до кои дошол тимот на КОД и лекови, запленета дрога, документи од амбасади, адвокатски канцеларии, ДБК, Градскиот парк на Скопје, Фудбалска федерација.
❗️ Само американската амбасада уништила над ⬆️3.5 тони документи, хартија за две години. Се горат и женски парфеми и машка козметика на Авон. Во 2017 и 2018 се согориле над ⬆️1.000 тони отпад во старата печка наречена инсинератор, без стандарди, без соодветна температура, без соодветен 24 часовен мониторинг на испуштените загадувачи во воздухот.

Според документи од царина, според КОД, во 2017 година во земјава се увезло клинички и градски отпад, што не би смеело. Во 2018 и 2019 отпадот оди под шифра друго, каде влегува клинички отпад, отпадни органски растворувачи, отпади од течности за конзервирање на метали, хидраулични флуиди, флуиди за кочници и флуиди против мрзнење, друг отпад од хемиска или металуршка индустрија.
Се увезува скоро ➡️ 1 тон во 2018, во првата половина на 2019 се увезува скоро истата количина, за во втората половина, кога го воведуваат електронскиот систем, увозот да се дуплира и годината да заврши со околу ➡️ 3.1 тон увезен отпад.
И тука има зголемување на увозот на отпад, без да знаеме точно што се увезло.

🔻 Според МЖСПП, компании кои користат отпад како суровина се:
– Еко Енерџи Систем (комунален и индустриски неопасен отпад)
– Блу Технологи Тетово (претходно Блу Енерџи Тетово) (искористени отпадни масла)
– Таб Мак Пробиштип (отпадни акумулатори)
– Рецикл Еко старт Скопје (отпадни акумулатори)
– Макстил АД Скопје (отпадно железо)
– Пејпар Мил Кочани (отпадна хартија)

🔻 Отпадните масла и отпадните акумулатори се опасен отпад, како што и медицинскиот отпад е опасен. Комуналниот отпад може да содржи, да е измешан со опасен отпад, тогаш и тој претставува опасен отпад. Треба да се провери, да се селектира за да се утврди неговата неопасност.

🚩 Според МЖСПП, податоци за деловните субјекти кои создаваат опасен индустриски отпад и медицински отпад и управуваат со истиот, НЕ СЕ јавно достапни податоци. Јавноста ако сака, треба да оди или на интернет страната на МЖСПП за Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи, http://ripz.moepp.gov.mk/, каде податоците според нив се постојано достапни и ажурирани или да ги побара од Државниот завод за статистика.

🚩 Страната е сè, само не ажурирана. Ги нема податоците за сите загадувачки субјекти, ги нема податоците за сите загадувачи кои ги испуштаат. Само податоци за два субјекта се дадени за 2018, а 24 за 2017. За Усје за 2017 нема податоци за тешки метали, има само податоци за 4 загадувачи кои се испиштаат во воздухот. Ги нема Макстил, другите рудници покрај Бучим и Саса, Пејпер Мил, ….

Државниот завод за статистика дава свои податоци за отпад, кои не се поклопуваат со тие на МЖСПП. Поради начинот на дефинирање на отпад, различен од тој на МЖСПП.

❗️ Во оваа какофонија на податоци, не усогласени, не ажурирани, не потполни, не детални и јавно не достапни на страницата на МЖСПП за секаков вид на отпад, неопасен, опасен, увезен, извезен, транзит, создаден, итн., државава не само што нема воспоставена контрола, туку ни податоците не може да ги усогласи и даде јасна слика, што, кој, колку, каде, на кој начин создава, отстранува, постапува со отпадот.

🔶 Не само што е потребна забрана за увоз, потребно е да се изгради цел систем од инспекција, контрола, одржливо управување со отпад, негово намалено создавање, рециклирање, преработка, компостирање, затворање на дивите депонии, нивна санација и ремедијација, и воспоставување на владеење на правото, судски систем ослободен од мрежата на корупција. Дури откако ќе го средиме нашиот отпад и ја намалиме неговата количина, имаме редовен мониторинг на загадувачите кај субјектите, дури тогаш може да дебатираме за увоз на отпад, негово согорување.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]