Новиот закон за урбанистичко планирање им се заканува на природните подрачја во земјата



Големи и мали хидроенергетски проекти и рудници прогласени како подрачја и градби од државно значење, намалена можност за учество на јавноста во урбанистичкото планирање.

Ова се само некои од посериозните проблеми на новиот закон за урбанистичко планирање за кој вчера во собранието се одржа втора по ред јавна расправа по која ќе следи амандманска расправа веќе наредната недела.

За нас како граѓанска организација која повеќе од 15 години работи на насочување на нашата земја кон одржлив развој, е особено загрижувачки што членот 17 од овој закон ги наведува рудниците и сите хидроенергетски системи како подрачја и градби од државно значење. Рудниците носат финансиски придобивки исклучиво за компанијата која ја има дозволата за ископ, а ист е случајот и со малите хидроелектрани и затоа сметаме дека не е логично овие да бидат законски дефинирани како градби од државно значење.

„Во законот мора да биде јасно определена моќноста на овие хидроенергетски проекти, не може мали хидроелектрани да бидат градби од државно значење. Исто сметам дека е недозволиво во законот да пишува и „други видови подрачја и градби од државно значење“, ова остава простор за толкување по потреба и манипулација и не смее да се дозволи.  Потребно е дообјаснување и дури и такстивно набројување кои се тие други подрачја“ – рече Давор Пехчевски од Еко-свест.

Алармантно е и што ставот 4 точка 1 од овој закон е во целосна колизија со Законот за природа, овозможувајќи изградба на инфраструктурни проекти во зони за одржливо користење кога со законот за природа тоа е забрането. Членови од законот се во колизија и со постоечкиот закон за урбано зеленило. Повторно гледаме колизија на закони кога станува збор за заштита на природата и неодржлив економски развој за повеќе профит. Навистина не ни е јасно како во момент кога треба да го отвориме Поглавје 27 ние правиме се спротивно од препораките на ЕУ.

Како закон од особено важно значење и интерес за граѓаните, овој закон дури ја намалува можноста за учество на јавноста со намалување на случаите кога ќе биде потребно организирање на јавна расправа, и со тоа ја доведува во прашање целта која треба да ја оствари овој закон како и имплементацијата на бројни потпишани меѓународни конвенции и договори.

„Целосно е нелогично да е скратено учеството на јавноста во изработување на урбанистички планови за големи инфраструктурни проекти како рудници, хидроелектрани и патишта коишто скоро неизбежно се поврзани со влијанија врз природно и културно наследство, зафаќање на земјоделски и други приватни површини, па дури и присилно расселување на население.“- вели Давор Пехчевски

Овој закон е само еден од низата кои имаат моќ да обезбедат одржлив развој на земјата, подобрен квалитет на живот во градот, заштита на здравјето на граѓаните и се ова во насока на ублажување на климатските промени, а сепак тоа не го прави. Бараме од пратениците во собранието како избрани претставници на граѓаните да НЕ го дадат својот глас за закон кој ги има сите погоре наброени недостатоци. И бараме од Министерството за транспорт и врски како надлежно за овој закон сериозно да ги земе во предвид овие недостатоци и да ги направи потребните измени.


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод, - МИА
Вести

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод,

Скопје, 22 септември 2020 () – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда […]