Нови туристички производи за привлекување гости кои сакаат да побегнат од урбаните средини


И Северна Македонија и Србија имаат можности и перспективи во руралниот туризам, имаат добра храна и пијалаци. Во таа насока, треба да разменат искуства и да развиваат нови туристички производи, беше речено на меѓународната научна конференција „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21. Век“ во Штип.

-Со новите туристички производи ќе можеме да ги привлечеме туристите кои сакаат да побегнат од урбаните средини, а од друга страна да го понудиме она што го имаме како компаративна предност пред останатите дестинации, изјави деканот на Факултетот од Врњачка бања, Драган Цвијановиќ.

Најновите трендови во туризмот и бизнис логистиката беа дел од темите на конференцијаташто ја организира Факултетот за туризам и бизнис логистика (ФТБЛ).

Деканот на ФТБЛ, Никола Димитров истакна дека годинава, во организацијата како партнери се вклучени и Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, Факултетот за туризам од Охрид и Факултетот за хотелски менаџмент и туризам од Врњачка Бања (Универзитет Крагуевац).

-Пријавени се 63 автори со 36 трудови од пет држави. Имаме презентации поделени во две сесии. Туризмот претставува светски процес во кој и ние како држава, но и како регион, имаме водечка улога да го развиваме тој туризам. Покрај теми од туризмот, имаме и неколку трудови од бизнис логистиката, рече Димитров.

Учеството на  Факултетот за туризам од Охрид и Факултетот за хотелски менаџмент и туризам од Врњачка Бања е резултат на Договорот за соработка што го имаат потпишано со ФТБЛ:

Поддршка за конференцијата, како и минатата година, обезбеди и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

-Токму ваквите научни конференции се шанса за размена на меѓународните искуства и регионалното поврзување. За два месеци, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со туристичките организации на Србија и Црна Гора ќе учествуваат заеднички на престижен Азиски саем за туризам, каде ќе се понудат заеднички комплементарни туристички тури, нагласи директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]