Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти



Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1.

Починати се пет пациенти, еден од Скопје (52 г.), двајца од Куманово (55 г. и 82 г.), еден од Гостивар (62 г.) и еден од Охрид (64 г.) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички. Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.202,  бројот на оздравени пациенти е 7.108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.589. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4.946, активни 1.342

• Куманово 1094, активни 255

• Дебар 206, активни 117

• Штип 876, активни 434

• Прилеп 333, активни 51

• Тетово 1064, активни 222

• Струга 458, активни 176

• Велес 225, активни 21

• Битола 143, активни 63

• Охрид 275, активни 68

• Кавадарци 81, активни 61

• Гостивар 495, активни 287

• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 38, активни 22

• Крива Паланка 25, активни 11

• Радовиш 29, активни 16

• Крушево 16, активни 8

• Кочани 106, активни 24

• Пробиштип 57, активни 22

• Демир Хисар 34, активни 27

• Македонски Брод 37, активни 31

• Пехчево 6,

• Берово 8, активни 4

• Валандово 6,

• Виница 23, активни 19

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 7

• Свети Николе 228, активни 142

• Кичево 177, активни 109

• Ресен 146, активни 26

• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-466, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-56, Клиника „Жан Митрев“-169, Систина со PCR метода -115, Инфективна клиника-7, ГАК-5. Досега во земјата се направени вкупно 106.877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 45 пациенти, а еден е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и шест пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет пациенти. Вкупно хоспитализирани се 89 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 167

• Аеродром – 152

• Бутел – 87

• Гази Баба – 133

• Центар – 110

• Карпош – 112

• Сарај – 62

• Кисела Вода – 153

• Ѓорче Петров – 93

• Студеничани – 47

• Шуто Оризари – 112

• Арачиново – 26

• Илинден – 23

• Петровец – 16

• Чучер Сандево – 8

• Сопиште – 21

• Зелениково7

• Странец – 5

• Нераспределен8.

 


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*