Нови 67 случаи со коронавирус во државава, 25 оздравени и еден починат


Новозаразени 22 од 462 направени тестови, почина пациентка од Скопје - МИА

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно 868 направени тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 67 позитивни пациенти на Ковид-19. Се уште не се пристигнати бројките од една приватна лабораторија и во следните неколку часа ќе биде објавена и деталната статистика по градови. Има 25 оздравени пациенти, и еден починат пациент.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека до изутрината на Клиниката за инфективни болести во Скопје се примени шест пациенти и сега се хоспитализирани вкупно 40, Таму нема пациент, кој е на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 16 пациенти.

– Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се вкупно 27 позитивни на Ковид-19, од кои на респираторна машина се шест пациенти. Во болницата во Битола хоспитализирани се седум пациенти, а во болницата во Штип 14. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп вкупно се хоспитализирани 27 пациенти кои се позитивни на вирусот, посочи Филипче.


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]