Нови 37 случаи на Ковид-19, четворица починати, 131 оздравен пациент


Унгарија ги олабави мерките за влез на државјаните од три земји - МИА

Скопје, 14 септември 2020 () – Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа  се регистрирани 37 нови случаи на Ковид-19, починале четири лица, а оздравеле 131 пациент.

Направени се 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-20, во Куманово и во Тетово по тројца, во Струга, Охрид, Гостивар и Кочани по двајца и во Велес, Крива Паланка и Штип по еден.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 131 оздравен пациенит од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8, Неготино-1.

Починати се четири лица, и тоа пациент од Виница (57), двајца пациенти од Охрид (77 и 57) и еден од Струга (74). Од нив тројца се починати во болнички услови, додека еден во вонболнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се четири деца и четири мајки позитивни на ковид-19, седум деца и седум мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.827,  бројката на оздравени пациенти е 13.315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

-Скопје 6.326, активни 540

– Куманово 1605, активни 190

– Дебар 268, активни 35

– Штип 1205, активни 72

– Прилеп 562, активни 133

– Тетово 1304, активни 117

– Струга 627, активни 63

– Велес 288, активни 18

– Битола 245, активни 47

– Охрид 395, активни 58

– Кавадарци 202, активни 30

– Гостивар 856, активни 93

– Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

-Струмица 103, активни 44

-Крива Паланка 83, активни 38

– Радовиш 52, активни 9

-Крушево 18, активни 2

– Кочани 189, активни 53

– Пробиштип 95, активни 18

– Демир Хисар 60, активни 1

– Македонски Брод 84, активни 12

– Пехчево 42, активни 27

– Берово 73, активни 30

– Валандово 11, активни 3

– Виница 94, активни 29

– Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

– Кратово 24, активни 5

– Свети Николе 309, активни 19

– Кичево 290, активни 29

– Ресен 153, активни 6

– Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 464 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0,  Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Аеродром – 91

• Гази Баба – 73

• Карпош – 67

• Центар – 71

• Кисела Вода – 56

• Чаир – 53

• Ѓорче Петров – 22

• Бутел – 37

• Сарај – 17

• Шуто Оризари – 12

• Студеничани – 10

• Илинден – 10

• Арачиново – 9

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 4

• Зелениково – 1

• Странец – 3

• Нераспределен-0

 


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*