Нови 168 случаи со Ковид-19, тројца починати, 70 оздравени пациенти


РЕТРО Повторно висока бројка на заразени, границите на ЕУ затворени за македонските граѓани - МИА

Скопје, 9 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1. Починати се тројца пациенти, двајца од Скопје и еден од Гостивар. Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, Велес-1, Гостивар-1, Кочани-1, Ресен-1, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка на 63 години, кај која вирусот е потврден постмортем.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.572,  бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586. Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3.656, активни 1.928
•       Куманово 818, активни 179
•       Дебар 120, активни 67
•       Штип 411, активни 166
•       Прилеп 289, активни 58
•       Тетово 831, активни 351
•       Струга 288, активни 187
•       Велес 198, активни 36
•       Битола 65, активни 24
•       Охрид 218, активни 189
•       Кавадарци 22, активни 15
•       Гостивар 188, активни 115
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 18, активни 10
•       Крива Паланка 18, активни 12
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 8, активни 4
•       Кочани 76, активни 17
•       Пробиштип 30, активни 19
•       Демир Хисар 3, активни 2
•       Македонски Брод 7, активни 5
•       Пехчево 6, активни 2
•       Берово 3,
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1,
•       Кратово 6, активни 3
•       Свети Николе 58, активни 51
•       Кичево 58, активни 49
•       Ресен 129, активни 88
•       Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Клиника „Жан Митрев“ -235, Систина со PCR метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 пациенти, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 360
•       Аеродром – 166
•       Бутел – 156
•       Гази Баба – 210
•       Центар – 156
•       Карпош – 153
•       Сарај – 140
•       Кисела Вода – 114
•       Ѓорче Петров – 111
•       Студеничани – 121
•       Шуто Оризари – 89
•       Арачиново – 46
•       Илинден – 34
•       Петровец – 18
•       Чучер Сандево – 18
•       Сопиште – 7
•       Зелениково13
•       Странец – 5
•       Нераспределен11.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*