Нови 163 случаи со Ковид-19, седум починати, оздравени 132 пациенти


Изминатата недела 705 нови позитивни со коронавирус, за 10,8 проценти помалку од претходната - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Нови 163 случаи со Ковид-19 од направени 1.721 тестирање, седум починати и 132 оздравени пациенти, регистрира Министерството за здравство во последните 24 часа.

Од новорегистрираните  во Скопје има 33 случаи, по што следи Струмица со 18,  Куманово 17,  Тетово со 13,  Кочани 11, Гостивар со осум, Прилеп и Делчево со по седум, Велес со шест, Штип и Кавадарци со по пет,  Битола четири, Дебар, Струга, Гевгелија и Кичево по три, Охрид, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Македонски брод по два. По еден нов случај е евидентиран во Пробиштип, Демир Хисар и Свети Николе.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 132 оздравени пациенти од: Скопје-46, Куманово-13, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-3, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-12, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-4, Кратово-1, Кичево-3, Неготино-2.

Починати се седум лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16 088,  бројката на оздравени пациенти е 13 550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6406, активни 526

• Куманово 1628, активни 200

• Дебар 271, активни 38

• Штип 1214, активни 68

• Прилеп 574, активни 125

• Тетово 1325, активни 126

• Струга 633, активни 65

• Велес 295, активни 22

• Битола 253, активни 51

• Охрид 398, активни 54

• Кавадарци 207, активни 31

• Гостивар 865, активни 87

• Гевгелија 92, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 130, активни 66

• Крива Паланка 86, активни 36

• Радовиш 54, активни 11

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 202, активни 60

• Пробиштип 98, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 86, активни 11

• Пехчево 42, активни 21

• Берово 74, активни 24

• Валандово 13, активни 4

• Виница 96, активни 28

• Делчево 135, активни 76 (28 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 4

• Свети Николе 310, активни 19

• Кичево 294, активни 28

• Ресен 155, активни 8

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1721 теста се преку: ИЈЗ-525, ЦЈЗ Скопје-40, Авицена-254,  Биотек-154, МАНУ -91, Жан Митрев (Филип Втори)-175, Систина со PCR метода -165, лабораторија Лаор –50, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-8, ГАК-17, Синлаб-166, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 169.481 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  три деца и три мајки позитивни на Ковид-19,а исто толку мајки и деца се суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“, пак, примени се четири, а вкупно хоспитализирани се 34 пациент. На респираторна машина се тројва пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип  46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 161, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Од опптините во Скопје најмногу активни случаи  има во Аеродром – 83, по што следат Центар – 74, Гази баба – 71,  Чаир – 49, Кисела Вода -48,  Ѓорче Петров – 25,Бутел – 33, Шуто Оризари – 12, Студеничани – 9, Сарај – 15, Арачиново – 9, Илинден – 8, Петровец – 5, Сопиште – 2, Чучер Сандево – 2, Зелениково – 1, како и по четири странци и нераспределни, соопшти Министерството за здравство.

 


Во Собранието формирани пратеничките групи - МИА
Вести

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

– Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 […]

Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

1 Trackback / Pingback

  1. Нови 163 случаи со Ковид-19, седум починати, оздравени 132 пациенти – Прв Дознава

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*