Нов извештај: ТЕЦ Битола повеќекратно ги надминува дозволените вредности за емисии и го загрозува здравјето на граѓаните


Брисел – Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен, договорени со Енергетската заедница, и до шест пати за одредени тексични супстанци, се вели во новиот извештај објавен денес од CEE Bankwatch Network. Нашатa земја не е исклучок, со ТЕЦ Битола како главен прекршител.

Според истражувањето, вкупните емисии на сулфур диоксид од термоелектраните во Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Северна Македонија го надминуваат плафонот за 2018 година, договорен со Енергетската заедница преку Националните планови за намалување на емисиите, за повеќе од шест пати. Вкупните емисии на прашина се исто така над вкупниот плафон, и тоа над 60 проценти.

Нашата земја го надминува националниот плафон за сулфур диоксид за пет пати, а плафонот за прашина нешто повеќе од два пати. Во тие плафони се пресметани и придонесите на ТЕЦ Неготино и Рафинерија ОКТА кои што не работат веќе повеќе години.

Главните извори на емисии што преостануваат се ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј, со тоа што Осломеј има многу малку работни часови и соодветно на тоа и емисиите на загадувачки супстанци му се под договорените граници. ТЕЦ Битола, споредено со индивидуалните плафони за термоелектраната, емитувала 52.823 тони сулфур диоксид што е шест пати повеќе отколку што е максимално дозволено. Во однос на прашината ТЕЦ Битола емитувала 3.470 тони, што е за три пати повеќе прашина од индивидуалниот плафон.

Нашата земја, како и другите земји од Западен Балкан, се потписници на Спогодбата за Енергетската заедница. Оваа спогодба вклучува и цели за намалување на емисиите од индустријата кои беше потребно да бидат имплементирани најдоцна до 2018 година. Спротивно на спогодбата земјите ги прекршуваат своите обврски, а во некои случаи како што е тој со ТЕЦ Битола, количината на емитувани загадувачки супстанци во воздухот постојано се зголемува од година во година.

Властите, како и менаџментот на ТЕЦ Битола, знаат за оваа обврска уште од 2006 година. Наместо навремени инвестиции во опрема за намалување на емисиите, со цел да се достигнат зададените плафони за 2018 година, доведени сме во ситуација кога ТЕЦ Битола треба значително да ги намали работните часови за да ги исполни обврските. Истовремено, за да се исполнат обврските за следната контролна година, 2023, потребни се огромни инвестиции во краток временски период. Ова може да биде погубно за македонската економија“, изјави Давор Пехчевски, Регионален координатор за аерозагадување во CEE Bankwatch Network и ко-автор на извештајот.

Инвестициите за доведување на ТЕЦ Битола во линија со најдобрите достапни технологии веќе можеа да бидат вратени како заштеди во здравствениот сектор. Според нашето истражување „Колку чини животот“, направено согласно методологијата на Светската здравствена организација, товарот на македонската економија од здравствените последици од термоелектраните е над 20 милиони евра годишно. Токму таа е проценетата вредност за реконструкција на филтерот на ТЕЦ Битола. Доколку сакаме искрено да се бориме против аерозагадувањето, мора да престанеме да им попуштаме на големите загадувачи. Овие инвестиции не се само правна обврска, тие се пред сѐ обврски за заштита на јавното здравје“, дополни Ана Чоловиќ Лешоска од Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест.

Извештајот вклучува и препораки за тоа како владите на земјите од регионот можат да го подобрат следењето и контролата на загадувањето, но и како Европската унија може да делува преку зајакнување на механизмите на Енергетската заедница, за да не дозволува прекршувањето на легислативата да поминува неказнето.

Извештајот официјално ќе се презентира на 10-ти декември на настан во Европскиот парламент поддржан од пратеничката Viola von Cramon од парламентарната група Greens/EFA и  пратеникот Petros Kokkalis од пратеничката група GUE/NGL.

Агендата е достапна тука, претставници од Европската комисија и од Енергетската заедница ќе дискутираат за наодите од извештајот на Bankwatch.

 

Забелешки за уредниците:

Новиот извештај, “Comply or Close”, од CEE Bankwatch Network: https://bankwatch.org/wp-content/uploads/2019/12/comply-or-close.pdf

Агендата за настанот во Европскиот Парламент каде што ќе се презентира извештајот и наодите во него ќе се дискутираат со претставници од клучни ЕУ институции: https://bankwatch.org/wp-content/uploads/2019/12/final-agenda-EP-10-Dec.pdf

Табела со дозволените вредности (придонес во вкупните национални емисии) за Битола за 2018 година се дадени во табелата:

 

Име Учество на инсталацијата во плафонот за SO2 за 2018 (тони) Учество на инсталацијата во плафонот за NOx за 2018 (тони) Учество на инсталацијата во плафонот за прашина за 2018 (тони)
РЕК Битола (Б1+Б2) 6585 8231 823
РЕК Битола (Б3) 2859 3574 357

 

Пријавените годишни емисии на Битола за 2018 се дадени во табелата:

 

Име Пријавени емисии на SO2 за 2018

(тони)

Пријавени емисии на NOx за 2018

(тони)

Пријавени емисии на прашина за 2018

(тони)

РЕК Битола (Б1+Б2) 34234 3649 2582
РЕК Битола (Б3) 18589 891 888

 

График од извештајот, со националните плафони (сино) и пријавените емисии (црвено) за 2018 година:

„Колку чини животот“, истражување на Еко-свест за здравствените и економски последици од термоелектраните:

https://bankwatch.org/wp-content/uploads/2018/11/kolku_cini_zivotot.pdf

 

Центар за истражување и информирање за животна средина Еко-Свест

 


Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]