Нивото на Црн Дрим намалено за 61 сантиметар



Реките под јулскиот просек, само Бабуна со двојно зголемено ниво - МИА

Скопје, 9 јули 2020 () – Водостојот на Црн Дрим денеска е намален за 61 сантиметар во однос на вчера, покажуваат денешните мерења направени од Управата за хидрометеролошки работи.


 

Според овие мерења, нивото на Црн Дрим денеска е 63 сантиметри за разлика од вчера кога изнесувало 124 сантиметри.

Пад на нивото има и кај Вардар и тоа од 12 сантиметри кај Демир Капија и од 10 сантиметри кај Јегуновце. За 10 сантиметри е зголеменото нивото на Вардар кај Велес.

Непроменето е нивото на реките Струмица и Радика.

Кај езерата нема промени. Под просекот за јули се нивоата на Охридското и Преспанското Езеро, а над нивото на Дојранското Езеро.

Мерењата на УХРМ покажуваат дека температурата на водата во Охридското Езеро е 20 степени, на Преспанското 18, а на Дојранското Езеро 25,2 степени.