Николовски: Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите

ljupco-nikolovski.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одговорноста на секој од нас е голема. Не смееме да дозволиме да имаме повторно нови изгубени години без иднина. Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите и идните генерации, рече денес во Крива Паланка коносителот на кандидатската листа за ИЕ 3 на СДСМ и коалицијата, Љупчо Николовски.


Тој порача дека Европскиот пат не е закана за македонскиот народ или македонскиот идентитет, туку се шанса за нивно уште поголемо развивање.

– Македонскиот идентитет опстојал низ векови наназад и уште долги векови ќе опстои. Затоа не смееме да се откажеме. Се докажало низ времето дека само со силен, обединет и победнички СДСМ имаме силна Македонија.

Јас не се откажувам и останувам помеѓу граѓаните, секојдневно на терен, достапен како и до сега, секогаш тука за секој еден граѓанин. Граѓаните ни пратија силна порака, а ние таа порака ја слушаме и почитуваме. Одговорноста ја прифаќаме. СДСМ покажал дека знае да се менува, да признае грешка и да се подобри. Да го слуша гласот на граѓаните и повторно да ја стекне нивната доверба. Овие избори кои ни претстојат се посебно важни за државата. Не гласаме за или против СДСМ, туку за или против иднината на државата. Секој еден од нас има обврска добро да размисли во каква држава сака да живее следните години. Каква иднина посакува за младите, и за секој еден граѓанин. Одговорноста на секој од нас е голема. Не смееме да дозволиме да имаме повторно нови изгубени години без иднина години. Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите и идните генерации, порача Николовски.

Тој имаше средби со граѓаните на градскиот плоштад и низ центарот на Крива Паланка, упатувајќи порака дека со нивниот глас на изборите на 8 мај го трасираат патот на државата во следните години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK