Никаде во Европа нема терористи да ви убијат 5 луѓе како кај Смилковско езеро и сега нивните џелати да ги пуштаат на слобода со Закон за амнестија, рече Мицкоски

Никаде-во-Европа-нема-терористи-да-ви-убијат-5-луѓе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Луѓето од власта се свесни дека ќе им се случи народ и дека ги чека тежок пораз. Она што им преостана се интригите, сплектарењето и очајните чекори на редење на клинови, сеење омраза и византиски игри, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред насобраните во Струмица по повод одбележувањето денот на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ.



Тој во својот говор додаде:

„Пред некој ден се состанале Ковачевски, Зечевиќ, Заев и Спасовски да прикажат дека се единствени и сплотени. Потребата да се прави сето ова вушност ја покажува спротивната теза дека се длабоко поделени и раскарани. И добро е што се сретнале, затоа што така пропадна уште една теза на одредени кругови на власта, па и на оние нивни лакеи во опозицијата дека имало било каква тајна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Заев“, порачува Мицкоски.



Имаше критики и предлог законот за амнестија, но и измените во Кривичниот законик.

„И оној срамен Закон за амнестија на криминалци кој сега го поднесоа е само показател за очајот во кој се наоѓаат. Прво си донесоа по скратена процедура, злоупотребувајќи го европско знаменце Закон за измена на членовите на КЗ со кои сакаат да мислат дека се заштитени по падот од власта, а сега пред изборите прават сценарио за слобода на голем дел криминалци, мислат дека тие ќе им помогнат во изборната кампња. Ковачевски морам да признаам, плаќа висока цена за својата коалиција, и силно го деградира нашето општество каде принципот на неказнивост стапува на сила. Криминалците не се плашат од одговорност, зошто самата влада продуцира неодговорност. Од друга страна со мирна совест излегуваат и си велат дека следеле европски практики, а никаде во Европа нема терористи да ви убијат 5 луѓе од кои 4 деца како што беше случајот со Смилковското езеро и сега нивните џелати да ги пуштаат на слобода со Закон за амнестија. Ќе ве потсетам ако се сеќавате велеа „нема правда нема мир“, ветуваа дека ќе се дознаела вистината за убиството за Смилковското езеро, организираа протести, заведуваа народ, ги лажеа родителите на настраданите, за да сега истите тие се борат за нивната слобода. Да излезат тие и стотици други кои правеле разбојништва, кражби, перење на пари и слично. Ова се последните очајни крици на власта“, вели Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK