Невреме на повеќе места, нестабилното време ќе продолжи до крајот на денот


ЈКП „Дервен“ ги расчистува велешките улици по врнежите - МИА

Скопје, 25 август 2020 () – Нестабилно време со пороен дожд, грмежи, локално и во форма на невреме поладневно зафати повеќе места во земјава. Нестабилно време со локален дожд и грмежи го зафати Гевгелиско – дојранскиот регион. Од пладневните часови од север нестабилна воздушна маса проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ја зафати скопската котлина. Локално имаше и краткотрајно невреме со пообилен дожд и појава на град.



Во Гевгелија според мерењата на УХМР навврнати се 30 литри на метар квадратен, 16 Демир Капија, 14 Тетово, 12 Берово, девет Струмица, шест Скопје-Зајчев Рид, три Скопје-Петровец, два Приле и еден литар во  Штип.

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмржи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, грмежи, засилен ветер.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=8

Во Скопје, ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во наредните денови ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*