Нестабилно в четврток и петок, од сабота стабилно со пониски температури


Сончево со мала доумерена облачност, попладне дожд и грмежи - МИА

Скопје, 15 септември 2020 () – Локален пороен дожд и грмежи особено во јужните подрачја на земјата се очекуваат в четврток попладне и петок, а потоа следува и опаѓање на температурите.


 

Метеролозите најавуваат дека в петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Утринската температура в четврток, петок и сабота ќе се движи 9 д 18, в недела до осум до 16, а понеделник од шест до 14 степени. Дневните температури в четврток и петок ќе бидат меѓу 25 и 31 степен, о сабота од 22 ддо 29, недела од 21 до 28 и понеделник од 22 до 28 степени.