Неколку стотини полицајци ја бараат исчезнатата Вања: проверени подруми, речното корито на Вардар, околните цркви и манастири  

Неколку-стотини-полицајци-ја-бараат-исчезнатата-Вања-проверени-подруми-речното.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пронаоѓање на исчезнатото 14-годишно девојче досега се пребарани речно корито на Вардар, сите подрумски простории не само во околината туку и пошироко, добиени се информации од околните цркви и манастири, извести денес министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски. Исчезната Вања Ѓорчевска е најважниот приоритет на секторот за внатрешни работи и посебно формираниот штаб кој изминативе пет дена е во секојдневна комуникација со родителите, роднините, пријателите и соучениците.


„Секојдневно се преземаат низа активности. Вклучени се неколку стотини полициски службеници кои исклучиво работат на оваа проблематика. Предводени се од началникот на секторот за внатрешни работи и од помошниците началници, целото раководство е насочено кон оваа активност. Преземаме опсежни мерки. Не зборувајќи за детали, опсежни мерки. Искористување на сите можни капацитети за јавната безбедност кои што значат пред се подигнување на камери. Преку 50 места со камери се  преземени и прегледани. Целосно е во функција системот ‘Сејв сити’ каде што исто така се преземаат мерки. Сите податоци од телеком операторите кои може да бидат важни се прегледани. Десетици и десетици лица се преслушани за информации за овој настан. Преземени се електронските уреди од семејство и од девојчето, се вештачат, еден дел се земени податоците. Имаме одредени податоци од овие уреди кои може да бидат од помош на истрагата и целата постапка. Се пребаруваше и речно корито на Вардар, сите подрумски простори, не само во околината туку и пошироко. Се работеше на пребарување, односно добивање податоци  информации од црквите и манастири кои се во близина на Скопје. Имаме опсежна активност и тука нема да се застане“, рече министерот Спасовски.

Министерот најави дека за исчезнатото девојче ќе информираат на дневна основа и апелираше да не се шират дезинформации оти наштетуваат на истрагата. Заедно со јавен обвинител ќе преземат мерки против сите кои досега рашириле лажни вести, за што многумина веќе биле повикани во полициските станици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK