Негативни сите 184 тестови од скринингот во градинките во изминатото деноноќие


Негативни сите 184 тестови од скринингот во градинките во изминатото деноноќие - МИА

Скопје, 17 мај 2020 () – Во изминатото деноноќие направени се 184 тестирања во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни, соопшти Министерството за здравство.

Од нив, 112 се направени преку лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а опфатени се 106 лица од Битола и шест од Велес, со што почна и тестирањето на вработените во градинките во Велес. Преку лабораторијата на МАНУ тестирани се и 72 вработени во скопските градинки.

– Согласно со денешниот извештај на ИЈЗ, со скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19, сите други тестирани лица се негативни на вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во Битола за три дена се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките и таму е регистриран единствениот позитивен случај на КОВИД-19.


Вести

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 771 тестирања, а оздравени се 154 пациенти. Најголем број случаи се потврдени […]

Вести

Јованова-Грујовска: Проблемот е измислен, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена

– Македонскиот јазик е реалност, уставна категорија и тука нема дискусија. Нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е […]

Анализата за екстра лесното готова, содржи три мерки што треба да се преземат како сет - МИА
Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста

– Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените […]