Натпревар во качување карпи на Демиркаписка клисура


 Натпревар во качување карпи во зимски услови, се реализира денеска на Демиркаписка  клисура. Организатор е демиркапиското здружение „Карпа за секој”, во соработка со спортски клуб „Клисура” и со поддршка на локалната самоуправа.

-Се работи за натпревар во стилот на таканаречениот drytooling, или со помош на дерези и цепини, познати во јазикот на алпинистите, појасни претседателот Александар Кленов, меѓународно познат алпинист, кој, од Русија, со семејството реши да живее крај клисурата и три реки во Демир Капија.

Натпреварот се одржува во секторот Плажа. Означен за ветувачки уште во 2010 година, но за жал досега се уште добро неискористен. Подготвени се две нови насоки за качување, за кои Кленов се надева дека ќе бидат интересни и за спортско качување. Секторот се наоѓа веднаш после вториот тунел, на брегот на реката Вардар.

Настанот е во рамките на Неделата на традицијата, која ја организира општината, а има за цел промовирање на природните убавини на Демир Капија и можностите за алтернативен туризам во сите годишни времиња.

На натпреварот, меѓу другите,  пријавени се  и двајца натпреварувачи од Русија.


Вести

Комисијата во МВР разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши

Комисијата во МВР која со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев беше формирана поради ограничениот број обрасци на патни исправи, на вчерашниот прв состанок разгледала вкупно 77 барања од граѓани, за кои по […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од голема количина со крајна дестинација во земјава, засега приведени четири лица

– Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

– За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од вкупно 1,3 тони кокаин контролирана пратка, во магацин за овошје – банани, се очекуваат деталните […]