Народна банка: Вкупните депозити непроменети, кредитирањето продолжува да расте


Нов пакет монетарни мерки на Народна банка, основната каматна стапка намалена на 1,5 отсто - МИА

Скопје, 21 мај 2020 () – Вкупните депозити се непроменети во споредба со март, а годишната стапка на раст изнесува 6,3 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата, покажуваат податоците на Народната банка.

Според објавените податоци вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, а на годишниот раст на вкупните кредити од 5,5 отсто се што должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 6,5 отсто, односно 7,8 отсто.

Кредитирањето на годишна основа на корпоративниот сектор бележи раст од два отсто, додека кај домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4 отсто.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]