Нападнат вработен во центарот за социјални работи во Гостивар


На 26.03.2018 година околу 10,45 часот, Р.Т. (62) од Гостивар пријавил дека во ходникот на Центарот за социјални работи во Гостивар, каде бил вработен, му се доближил Д.Ѓ. (19) од с.Леуново и почнал да му вика, да му се заканува, по што и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по грбот и телото. Набргу се вмешале други вработени во Центарот за социјални работи и го спречиле Д.Ѓ. да продолжи со нападот. Тој бил лишен од слобода, а по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.