Напади врз Бугари и клубови, етикетирање на Бугарите како „фашисти“ – Европската комисија против расизам со извештај за Македонија

Напади-врз-Бугари-и-клубови-етикетирање-на-Бугарите-како-„фашисти.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа го објави својот извештај за Македонија, притоа во делот на говор на омраза осврнувајќи се на етничките Бугари.


ЕКРИ во извештајот наведува дека бугарските соговорници се жалат на анти-бугарскиот говор во Македонија, а како типичен стереотип го навеле етикетирањето на сите Бугари како „фашисти“, но и прикажувањето на Бугарките како „евтини проститутки“.

ЕКРИ понатаму, како загрижувачки елемент ги оценува, како што се наведува, неколкуте напади врз лица кои себеси се идентификуваат како Бугари и врз бугарски културни центри, со оглед на чекорите на властите за укинување на регистрацијата или распуштање на некои постојни бугарски културни здруженија.

Се наведува дека бил предизвикан инцидент во клибот Иван Михајлов во Битола од страна на пејач, кој потоа бил ангажиран да настапи на локална прослава.  Во извештајот влезе и клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид, односно инцидентот со употреба на огнено оружје.

Извештајот говори дека ЕКРИ се свесни дека имињата на Иван  Михајлв и Цар Борис Трети се контроверзни и провокативни, но со загриженост забележува дека во март 2023 година Централниот регистар на Северна Македонија го одби барањето на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид да го задржи своето име и дека го избриша од регистарот Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Во делот на говор на омраза, покрај Бугарите забелешки има и за односот кон ЛГБТИ заедницата и Ромите. Се наведува дека недостига сеопфатна студија за дискриминација против ЛГБТИ лицата или законска рамка за признавање на истополови врски или адресирање на промена на полот. Документот посочува дека многу Ромите се уште се соочуваат со „тешка состојба со домувањето“, како и дека стапката на опфатеност на ромските деца во образовниот систем и наму е пониска во однос на онаа на припадниците на останатите етнички заедници, особено кога станува збор за средното образование. Говор на омраза се регистрира и во секојдневната интеракција меѓу Македонците и Албанците.

Меѓу позитивните работи во изврештајот посочено е формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Извештајот наведува и дека новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за заштита, како и дека Министерството за труд и социјална политика обезбедило финансиска поддршка за националната СОС линија за помош на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Постигнување е и достигнувањето и подготовката и усвојувањето на новата Стратегија за вклучување на Ромите 2022-2030 од страна на Владата.

ЕКРИ претходно објави изврештај за Македонија во јуни 2016 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK