Намалувањето на бројот на заболените, по рекордот в петокот


Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот - МИА

Скопје, 7 јуни 2020 () – Сто дваесет и пет случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера, откако ден претходно во земјава имаше рекордни 180 случаи на заболени од почетокот на епидемијата. Двајца починати и осуммина оздравени пациенти е вчерашниот биланс, а според имформации од Министерството за здравство направени се 1.085 тестирања, од кои 113 се од скринингот во градинките во Штип и Кочани, при што ниту еден од тие тестови не бил позитивен.

Најголем број од новорегистрираните случаи вчера повторно во главниот град – 46, по што следуваат Куманово со 19, Штип со 17, Тетово со 16, Струга со 7, Гостивар со 6, Велес со 3, Неготино 2 и по еден случај во Прилеп, Битола, Кочани и Делчево.

Двајцата починати се пациенти од Прилеп и Струмица. Пациентот од Прилеп е на 73 годишна возраст и бил хоспитализиран во ГОБ „8 Септември“ од 19 мај, а пациентката од Струмица е на 67 години и била хоспитализирана на Клиниката за неврохирургија од 18 мај. Оздравените се четворица од Велес, двајца од Прилеп и по еден пациент од Тетово и Свети Николе.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум нови, а вкупно се хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До вчера утрото, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се седум, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата вкупната бројка на дијагностицирани во земјава изнесува 2.915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.

Најголем број активни случаи и натаму во Скопје – 595, на второ место е Куманово со 129, а висока бројка има и во Штип – 123 и Тетово – 115.

Во Штип каде бројот на заболените се зголеми поради непочитување на мерките од страна на некои фабрики при превезувањето на нивните вработени, и натаму во сила е забраната за работа во тестилни и кожарски фабрики. Масовното тестирање на работниците вчера се реализира во една, а денеска завршува во последната која беше затворена. Во таргетираното тестирање се опфатени околу 800 работници од седум конфекции.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова вели дека над 70 отсто од активните случаи се текстилни работници од седумте конфекции, најмногу има во првата која беше затворена, таму од сто работници над 50 се заразени со коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата, која ја одржа, на денот кога во земјава го имавме рекордот на заболени на дневно ниво, истакна дека станува збор за познати кластери, посочувајќи дека 90 отсто од новозаразените се од 15 фамилии. Тој нагласи дека повеќето од случаите се асимптоматски.

– Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници. Но зголемениот број на заболени е очекуван поради начинот на тестирање што го применивме измиинатите денови, истакна Филипче.

Нагласи дека очекувањата се оти овој бран многу кратко ќе трае, но сепак, како што рече, се максимално внимателни и претпазливи.

Филипче вчера со апел до медиумите да не објавуваат непроверени информации за бројот на заболените.

– Деновиве голем број на медиуми уште рано наутро објавуваат неофицијални и речиси секогаш неточни информации за бројот на новозаболени. Од самиот почеток на оваа криза лично јас и целиот мој тим за односи со јавноста сме ваш партнер. Веќе 100 дена навремено, прецизно и транспарентно ја известуваме јавноста. Ги соопштуваме сите детали за новозаболените од Ковид-19, се со цел медиумите да имаат точна информација. Уште еднаш ги замолувам медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица од Ковид-19. Ги молам да ја зачуваат својата улога и задача која ја имаат кон јавноста за навремено, точно и проверено известување, напиша Филипче на Фејсбук.

 


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]