Намалени увозните царинските стапки на одделни производи за производство на технолошко напредни производи


Намалени увозните царинските стапки на одделни производи за производство на технолошко напредни производи - МИА

Скопје, 27 октомври 2020 () – Министрите во Владата на денешната седница донесоа Одлука за намалување на увозните давачки – царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи, соопштија од прес-службата на Владата.



– Со оваа одлука се прифати увозните давачки – царинските стапки за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи во период од една година да се намалат на нивото на царинските стапки кои се применуваат при увоз на овие производи во земјите членки на Европската Унија, со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи, информираат од Влада.

Причина за ваквото намалување на увозните давачки – царинските стапки на овие производи, како што појаснуваат од Влата, е што овие производи не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз, а нивните царински стапки во увозот во Република Северна Македонија се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи во примена во Европската Унија. оџ/


Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*