Намалена затезна и казнена камата ќе се плаќа и 60 дена по вонредната состојба


Се бара од Владата да се одложат ревизиите до 30 септември 2020 година - МИА

Скопје, 17 мај 2020 () – Пресметката и наплатата на воведената со првиот економски пакет мерки помала законски затезна камата за 50 проценти, како и казнената камата во висина од 0,015 проценти за секој ден задоцнување, ќе се применува и 60 дена по престанување на траењето на вонредната состојба во државава.



Владата денеска донесе Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба за да се овозможи зајакнување на сигурноста и одржливоста при поддршката на компаниите кои претрпеле штети во работењето заради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење коронавирусот КОВИД-19.

Со првиот економски пакет за поддршка на стопанството законската затезна камата беше намалена за 50 проценти, односно од 10 на 5 проценти за правни кон правни лица и од 8 на 4 проценти за правно и физичко лице, а казнената камата за јавни давачки од 0,03 проценти на 0,015 проценти.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница е донесена Уредба за изменување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година, со која корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања, поради состојбата со КОВИД-19 се прави измена во поднесувањето на барањата за подмерката за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Се овозможува податоците да се преземаат директно од регистрираните откупувачи на сурово млеко, како и од регистрираните откупувачи на зелка, наместо сточарите и земјоделските работниците да одат во подрачните единици и да се изложуваат на ризик.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]