Над 230 илјади денари собрани во хуманитарната аукција на ПроКредит Банка на фотографии од ретки птици од Македонија

IZLOZBA PROCREDIT 1.JPG 3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ПроКредит банка успешно реализираше хуманитарна аукција на уметнички фотографии на фотографот Велиан Јагев, на која беа собрани 231 илјади денари, кои ќе бидат донирани во проекти за подобрување на условите за живот на ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија.

Хуманитарната аукција се одржа на 27 јуни во просториите на Централна Управа на ПроКредит банка, со што се заокружи патувачкиот караван „НЕзаштитена природа“, кој во периодот од 2 до 18 јуни посети шест градови низ целата држава, привлекувајќи големо внимание и интерес на посетителите.


 “Зачувувањето на домашното природно наследство е одговорност на секој поединец, а зголемувањето на бројот на заштитени подрачја во Македонија, особено националните паркови, треба да биде показател за заедничката посветеност кон одржлива иднина. ПроКредит банка со гордост го поддржа овој проект, чија цел е подигнување на свеста за важноста за зачувувањето на незаштитените природни подрачја значајни за птиците и за биодиверзитетот, а истовремено и промоција и поддршка на нашите македонски автори.”, изјави Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на банката.

На настанот, свое обраќање имаше и авторот Велиан Јагев, кој е вљубеник во природата и фотографијата и накратко ја раскажа својата приказна.

“Територијата на Македонија е дом на преку 330 видови птици, како на пример црниот штрк во околината на Штип, водомарчето во Градскиот парк во Скопје и фламингото во Охридско езеро. Колку и да звучи неверојатно, Скопје и непосредната околина се преполни со птици за кои најголемиот број на скопјани не знаат дури дека постојат. Сѐ што е потребно е малку да забавиме и обрнеме внимание на околината, која на жалост, е под сѐ поголем притисок и закана да биде уништена. Со доловување на нејзината убавина, се надевам дека ќе се зголеми интересот за нејзиното зачувување”, изјави Велиан Јагев.

Како пример за одговорност, ПроКредит Банка веќе 20 години поставува стандарди за одржливост и одговорност и преку своите активности континуирано придонесува кон зачувување на животната средина. Донацијата на собраните средства ќе се реализира во текот на наредните месеци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK