Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси пред пратениците


Прекината седницата за избор на заменици министри, продолжението дополнително ќе биде закажано - МИА

 Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 32-та седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за спречување и заштита од насилството врз жените и семејно насилството, во второ читање.



Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, како и за дополнетиот Предлог-зкаон за рамномерен регионален развој, двата во второ читање.

На дневниот ред се и Предлог на закон за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, во прво читање.

На денешната седница, на агендата се и Предлог на закон за изменување на Законот за гранична контрола, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за комплементарна и алтернативна медицина и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, сите во прво читање.

Пратениците, како што е најавено, треба да дискутираат и по предлог – законите за изменување на законите за пасиштата и за сточарството, во прво читање, но и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во прво читање.

Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, исто така е на дневниот ред на денешната седница.

Се очекува пратениците да расправаат и за Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

На дневниот ред е и Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2020 година, како и Годишниот извештај за работата на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2019 година.

Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2021 година, Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2019 година, Предлог на одлука за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2020 година, Предлог на одлука за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2020 година, се само дел од најавените точки за денешната собраниска седница.
Годишен извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги за 2019 година.

Меѓу другите се и Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации за 2019 година, Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2019 година, Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија за 2019 година, Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2019 годинa, како и годишните извештаи за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2019 година, на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2019 и на Агенцијата за администрација за 2019 година.