Националната развојна стратегија треба да биде изгласана до крајот на годината, во фокусот човечкиот капитал

bitiki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Човечкиот капитал ќе биде ставен во центарот на Националната развојна стратегија чија изработка е во тек, а се очекува да биде изгласана од Собранието до крајот на годината, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Се друго што треба да биде направено, како што денеска изјави Битиќи, ќе биде во функција на прашањето како максимално да се искористи човечкиот капитал и како да се обезбеди можноста што граѓаните ја бараат во другите земји, да може да ја најдат во сопствената држава.


-Направени се 23 длабински анализи во 23 сектори на живеењето во општеството. Дојдено е до сублимат на шест секторски области, како што се демографијата, односно човечкиот капитал, потоа владеењето на правото, инвестирањето во дигиталната економија, во дигитализацијата и во зелената енергија. Се што во овој момент се смета дека е движечка сила и треба да остане движечка сила на промената што треба да се случи во наредните дваесет години, а тоа е да се добие поквалитетен живот на граѓаните, рече Битиќи.

Очекува до крајот на летото да бидат подготвени првите насоки што е тоа што треба да го содржи новата развојна стратегија.

– Пред нешто повеќе од година и половина започнавме со креирање на долгорочната стратегија за развој преку еден инспиративен и сеопфатен процес на креирање документ кој ќе претставува заедничка визија за развојот на нашата држава и општество во престојните две декади, истакна Битиќи и нагласи дека стратегијата треба да ја даде потребната визија за развојните цели на државата.

Креирањето на стратегијата се заснова на четирикратниот хеликс што го претставуваат државата – академијата, бизнисот и граѓанскиот сектор. Во управниот одбор, но и во сите фази на креирањето и консултирањето на националната развојна стратегија, како што рече, се вклучени сите.

– Ова е веројатно најинклузивниот процес што сме го имале во нашата држава досега. Убеден сум дека само преку инклузивност и активна партиципација ќе го постигнеме потребниот и посакуваниот консензус за поставување, но и за имплементација и следење на целите нацртани со националната развојна стратегија, рече Битиќи.

Проценката е дека до крајот на годината ќе биде изгласана стратегијата прво во Владата, а потоа и во Собранието.

На новинарско прашање во врска со миграциите на граѓаните, Битиќи рече дека миграциските процеси се почнати уште пред петнаесетина години и дека причината за нив веројатно е потребата од нова работна сила во земјите од ЕУ.

-Тоа е одговорот што го бараме во Националната развојна стратегија. Не можете да се носите со последиците, ако не ги решите причините и затоа овој сегмент во општеството мораме да го средиме за на крај луѓето кога избираат помеѓу нивната држава или друга земја, да ја изберат својата татковина, рече Битиќи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK