На Табановце зголемена фреквенција на возила, се чека до половина час

70647247_978217205856376_3560982764075352064_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Поради вршење на градежни активности на објект- реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци, сметано од 24.06.2024 година ќе биде поставен времен режим на сообраќај.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK