На Табановце за излез од Македонија се чека до половина час


– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози. На граничниот премин Табановце, за излез од Македонија има чекање од околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради превртен камион во прекин е сообраќајот на патот Ресен-Битола кај местото Сопотско.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Вести

Средба на работните групи за законот за ЈО во Собранието

– Партиските работни групи за законот за јавно обвинителство попладне во 16:00 часот ќе одржат нова средба во Собранието Република Северна Македонија, потврдија за МИА од Министерството за правда. На средбата се поканети претставници на […]

Бизнис

Откупувачите најдоцна до „Свети Трифун” да склучат договори за грозјето, бараат лозарите

– Откупувачите на винско грозје најдоцна до празникот „Свети Трифун” да склучат договори за откуп на винско грозје со лозарите. Во договорите да бидат внесени цените за грозјето, а плаќањето да се врши според законот […]

Вести

Пад од 13 места за земјава во однос на степенот на корупција, Владата уверува дека води бескомпромисна борба

– Пад од 13 места бележи Република Северна Македонија во рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата, односно со вкупно 35 поени е пласирана на 106 место, за разлика од 2018, кога беше на 93-то […]