На „Охрид Трчат“ штанд за пријавување на донатори на коскена срцевина


Клиниката за хематологија Скопје ги информира граѓаните дека за времена одржување на трката „Охрид Трчат“, денеска од 8:00 часот, може да се обратат на штандот на Клиниката и да се запишат во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

– Потсетуваме дека е во тек национална кампања „Биди срцевина, биди херој“, која ја спроведува Клиниката за хематологија во соработка со Институтот за имунологија и хумана гентика при Медицинскиот факултет во Скопје, а со поддршка од Министерството за здравство. На штандот ќе бидат ангажирани стручни тимови од Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје и Институтот за Имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, коистојат на располагање да го објаснат процесот на зачленување во регистарот. Ќе бидат обезбедени услови за дарување на една епрувета крв-5 милилитри кои се доволни за да се направи ХЛА типизација. Со овој гест ќе станете дел од глобалното семејство кое брои над 30.000.000 доброволни дарители на коскена срцевина во светот, информираат организаторите.

Целта на оваа кампања, како што наведуваат тие е подигање на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, секој да може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.

Клиниката апелира до сите учесници на маратонот да ја покажат својата хумана и солидарна страна и да се впишат во регистарот и информиррат дека тимот на Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје и Институтот за Имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет ќе биде лоциран на штандот на Ретки болести.

Вести

Неизвесна судбината на СЈО и по лидерската на Заев и Мицковски

Останува неизвесна судбината на Специјалното јавно обвинителство и на предметите што ги отвори ова обвинителство. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски по маратонскиот шестчасовен обид не успеаја да најдат решение за […]

Вести

Почна средбата меѓу Заев и Мицкоски на која ќе се решава судбината на СЈО

Во Собранието почна средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која ќе се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, а со тоа […]

Вести

ОЈО испрати допис до СЈО за преземање на предметите

Основното јавно обвинителство испрати допис до Специјалното јавно обвинителство во врска со преземањето на предметите, потврдија попладнево од ОЈО. Дописот за преземање на предметите следува по неодамнешното известување што од притвор го испрати специјалната јавна […]