На Нефрологија за три години извршени 55 трансплантации на бубрези од кои 10 од починат дарител


Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба - МИА

Скопје, 1 август 2020 () – На Универзитетската клиника за нефрологија од 2017 година, досега, извршени се 55 трансплантации на бубрези. Од вкупниот број, од починат дарител се изведени 10 трансплантации, со што 10 пациенти добиле бубрег, соопшти Министерството за здравство.

Годинава, пред почнувањето на Ковид пандемијата беа изведени четири трансплантации од жив дарител. Во мај во екот на пандемијата беше изведена првата кадаверична трансплантација од која органи добија двајца пациенти (кај еден пациент трансплантираниот бубрег не беше прифатен). Во текот на вчерашниот и денешниот ден тимовите од Клиниките за нефрологија и урологија изведоа две кадаверични трансплантации – двајца пациенти добиваат бубрег. Со трансплантацијата на бубрези, пациентите повеќе не одат на дијализа и квалитетот на живот значително им се подобрува, стои во соопштението.


Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Германија: Наскоро задолжително тестирање за повратниците од ризичните подрачја - МИА
Вести

Намален бројот на новозаразени со Ковид-19, активни 3 428 случаи

Скопје, 8 август 2020 () – Последните пет дена бројот на заразени од Ковид-19 во државата не надмина 10 проценти од направените тестови. Во некои денови од неделата стапката на новозаразени се намали и до […]

1 Comment

  1. ОД 55 ИЗВЕДЕНИ ТРЕНСПЛАТАЦИИ, КОРЕКТНО Е ДА СЕ КАЖЕ НА ЈАВНОСТА КОЛКУ СЕ УСПЕШНИ ИЛИ СО ДРУГИ ЗБОРОВИ КОЛКУ ПАЦИЕНТИ ОСТАНАЛЕ ЖИВИ.

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*