На граничниот премин Табановце се чека по 40 минути


Кривична пријава против двајца гранични полицајци кои дозволиле влез на лице без евиденција и негативен ПЦР тест - МИА

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Табановце каде се чека околу 30 до 40 минути.


 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.